KiM


 

22 и 23 мај 2009

 

Одбележување на Патрониот празник

Во рамките на прославата на патрониот празник, Македонското друштво Св. Кирил и Методиј во Баар, организираше и попратна манифестација насловена:
МАКЕДОНИЈА - колевка на културата, земја на природата

Во дводневната програма, посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на фотографии од Македонија, да видат по неколку дела на Македонски уметници кои живеат во Швајцарија, да се восхитуваат на изведбата на Македонските ора од страна на женската играорна група “ВЕЗИЛКА“ под водство на Г-динот Тошо Спасов и настапот на драмскиот уметник а воедно и автор на монодрамата «Тука живее Т.Т. еден ауслендер од Македонија»

За специјалитетите од Македонскта кујна се погрижија жените, членови на нашето друштво, а секако не недостигаше и вкусната скара и Македонските вина.

»Благодарност до:
- Амбасадата на република Македонија во Швајцарија, која ги превзеде организацијата и трошковите за престој на Г-динот Јусуф Гулевски во Швајцарија
- Јужнословенскиот кутуренфорум од Цирих, кој ни ги одстапи фотографиите од Македонија за изложбата

 

23.05.2009    
.
     
     
22.05.2009    
.
     

 

 

 

 
 
 
 
 

 

 

KiM © Ristovski, 23.05.2009